I. Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци
Доколку сметате дека ви е повредено правото на заштита на личните податоци, можете да поднесете Барање за утврдување на прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП). За таа цел потребно е во Барањето да ги наведете вашите лични податоци и податоците за контролорот кој сметате дека го повредил вашето право на заштита на лични податоци. Не може да се поднесува барање против непознат контролор. Обемот на податоци кои се потребни за да постапува Дирекцијата за заштита на личните податоци по вашето барање се наведени подетално на следниов линк. АЗЛП ќе одлучи со решение по вашето Барање.
Чекори за пополнување на Барањето:
Барањето може да се достави во хартиена форма во писарницата на АЗЛП или електронски на info@privacy.mk, односно на следниот линк.
Барањето задолжително треба да биде потпишано лично од ваша страна. Доколку Барањето сакате да го поднесете по електронски пат треба електронски да го потпишете согласно прописите што ја уредуваат употребата на електронските документи, електронскиот потпис и електронскиот печат и електронските доверливи услуги во управни и судски постапки.
АЗЛП може да Ве контактира заради понатамошно постапување по истото.
II. Иницијатива за вршење на инспекциски надзор
Доколку се сомневате дека е повредено правото на заштита на лични податоци на поголем број граѓани можете да поднесете Иницијатива за вршење на инспекциски надзор..Поведувањето на постапката за инспекциски надзор е едноставно и бесплатно. Се што треба да направите е да дадете краток опис на повредата и да наведете податоци за контролорот. Не можете да поднесете иницијатива против непознат контролор.
Чекори за пополнување на Иницијативата:
Иницијативата може да ја доставите во хартиена форма во писарницата на АЗЛП или електронски на info@privacy.mk, односно на следниот линк.