Право на преносливост на податоците

 

 

 

Кога обработката на лични податоци се заснова на договорна обврска или согласност и се извршува на автоматски начин, физичките лица може да побараат преносливост на податоците доколку тоа е технички изводливо.

Ова право е пропишано во Законот за заштита личните податоци и го олеснува користењето на одредени услуги од страна на физичките лица.

Пример:

Едно лице сака да ја смени банката бидејќи веќе не е задоволно од услугите на сегашната банка.

Физичките лица може да побараат од банката, како контролор, да ги пренесе нивните податоци директно до друга банка, доколку тоа е технички изводливо.