Право на исправка

 

 

Физичките лица имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци во рок од 15 дена по поднесување на барањето.

Личните податоци се сметаат за неажурни кога се неточни или погрешни.

Пример:

Едно лице побарало да му се испрати неговата здравствена документација преку е-мејл којшто клиниката го има зачувано како контакт информација за него.

Лицето смета дека информацијата која ја има клиниката во однос на неговата е-мејл адреса е неточна поради фактот дека тоа не ја добило побараната документација на е-мејл.

Поради барањето поднесено од лицето, контролорот мора да ги истражи и да ги коригира контакт информациите за лицето во случај на неточни податоци.