Агенцијата за заштита на личните податоци во функција на подигање на квалитетот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија од страна на контролорите и обработувачите на збирки со лични податоци и подигање на јавната свест во целина во рамките на своите надлежности врши и обука на заинтересираните контролори и обработувачи на збирки на лични податоци.
Обуките се реализираат согласно Годишна програма за обуки на контролори и обработувачи што ја утврдува Агенцијата за заштита на личните податоци за заинтересираните контролори и обработувачи, се вклучуваат во обуките со пријавување на посебниот образец Барање за обука.
Вашето Барање за обука или прашање поврзано со обуките, може да го доставите на следниот е-маил: obuki@privacy.mk.
Лица за контакт:
Миленко Маринковиќ, секретар на Комисијата за обуки
Контакт: +389 2 3230 635 Локал 018, +389 75 242 547