Сите вести од АЗЛП

22.06.2022 - 13:54

На денешен ден пред 17 години (22 јуни 2005 година) е основанa Дирекцијата за заштита на личните податоци со именување на првиот директор со Одлука на Собранието на Република Македонија. Со Законот за заштита на личните податоци од 2020 година истата се трансформира во Агенција за заштита на личните податоци.

15.06.2022 - 12:13

Во рамките на ЕУ проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ се организираше студиска посета во Агенцијата за заштита на личните податоци во Загреб, Република Хрватска.

23.05.2022 - 19:12

Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на 30-та Конференција на европските надзорни органи (Пролетна конференција) која се одржа од 19-20 мај 2022 во Цавтат, Република Хрватска.

20.05.2022 - 16:20

На 19 ти мај 2022 година, претставник од Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваше на меѓународната конференција за отворени податоци „Податоците и културата на отвореност“ на Фондацијата Метаморфозис, која што се одржа во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

20.05.2022 - 16:15

На 20.05.2022 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку платформата ZOOM спроведе „Обука за заштита на личните податоци“.

На обуката земаа учество претставници на контролори од Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД, Скопје.

19.05.2022 - 16:11

На 17 и 18 мај 2022 година, претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на Конференција на тема: „Регионална перспектива за онлајн изборни кампањи – Предизвици и можности за интегритет на изборите“  организирана од страна на ОБСЕ/ОДИХР Канцеларија за демократски институции и човекови права во Подгорица, Црна Гор

11.04.2022 - 16:00

На 7-ми и 8-ми април во Будва, Црна Гора, се одржа работилница за претставници од Агенциите за заштита на личните податоци и Јавните обвинителства од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, на тема стандарди за заштита на личните податоци на ЕВРОПРАВДА (EUROJUST) во јавните обвинителства и насоки за изработување на извештај за ЕВРОПРАВ

Pages