Агенцијата ги има следните надлежности:
- ја следи и спроведува примената на ЗЗЛП;
- ја промовира јавната свест и согледувањето на ризиците, правилата, заштитните мерки и правата во однос на обработката на личните податоци, а особено на активностите кои се насочени кон децата;
- во согласност со закон, дава мислења на Собранието на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија и на другите институции и тела за законодавните и административните мерки за заштитата на правата и слободите на физичките лица во однос на обработката на личните податоци;
- ја промовира свесноста на контролорите и обработувачите за нивните обврски;
- на барање, обезбедува информации на секој субјект на личните податоци во врска со остварувањето на неговите права според овој закон и доколку е потребно, за таа цел соработува со други надзорни органи за заштита на личните податоци;
- ги разгледува поднесените барања од субјектот на личните податоци или од здружение согласно со овој закон и го истражува во соодветна мера предметот на барањето, како и во разумен рок го информира подносителот на барањето за исходот на постапката, особено ако е потребна дополнително истражување или координација со друг надзорен орган за заштита на личните податоци;
- соработува со други надзорни органи за заштита на личните податоци, вклучително и преку размена на информации и взаемна помош, со цел да се обезбеди заштита на правата и слободите на физичките лица во однос на обработката на личните податоци;
- спроведува истражување во врска со примената на ЗЗЛП, вклучувајќи и врз основа на информации добиени од друг надзорен орган за заштита на личните податоци или друг јавен орган;
- го следи соодветниот развој, особено во областа на информатичката и комуникациската технологија и трговските практики, доколку тоа влијае на заштитата на личните податоци;
- донесува стандардни договорни клаузули;
- воспоставува и одржува листа во врска со барањето за проценка на влијанието на заштитата на личните податоци;
- дава мислење за операциите за обработка на личните податоци;
- го поттикнува изработувањето на кодекси на однесување, како и дава мислење и одобрува кодекси на однесување кои обезбедуваат соодветни заштитни мерки во согласност со ЗЗЛП;
- го поттикнува создавањето на механизми за сертификација за заштита на личните податоци и на печати и ознаки за заштита на личните податоци;
- кога е применливо, врши периодично преиспитување на издадените сертификати во согласност со ЗЗЛП;
- ги објавува стандардите и нормативите за акредитација на телото за мониторинг на одобрените кодекси на однесување и на сертификационото тело во согласност со ЗЗЛП;
- врши акредитација на телото за мониторинг на одобрените кодекси на однесување;
- издава одобрение за договорните клаузули;
- ги одобрува задолжителните корпоративни правила;
- воспоставува и одржува евиденција на нарушувањата, како и на преземените мерки во согласност со ЗЗЛП;
- врши обука за заштита на лични податоци и
- врши и други задачи поврзани со заштитата на личните податоци, согласно со закон.