Право да не се биде предмет на одлука која се заснова единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи и профилирање

 

 

 

Физичките лица имаат право да не бидат предмет на одлука која се заснова единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи и профилирање.

Ова се однесува на автоматизирано донесување на одлуки без каква било вклученост на човечкиот фактор, коишто произведуваат правни последици за лицето или значително влијаат врз него.

Треба да се има предвид дека ова право не е апсолутно и не се применува доколку таквата одлука:

  • е потребна за склучување или извршување на договор меѓу лицето и контролорот;
  • е дозволена со закон кој се применува на контролорот; или
  •  се заснова на изречна согласност од лицето.

Пример:

Онлајн одлука за доделување кредит или тест за проценка на способноста и особините на личноста на кандидатот за работа која користи претходно програмирани алгоритми и критериуми е одлука што се заснова на автоматизирана обработка без вклученост на човечки фактор која произведува правни последици за засегнатото лице.