Деветта сесија на обуки за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 20 и 21 јули 2022 година ја организираше деветтата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Офицер за заштита на личните податоци“ и „Видео надзор“.

На првиот ден од обуката беа опфатени обврските на контролорите и обработувачите да определат офицер за заштита на личните податоци (ОЗЛП), положба на ОЗЛП и работи кои ги врши ОЗЛП. На вториот ден од обуката беше појаснет видео надзорот, исклучоците за вршење на видео надзор заради активности во домот, целта на поставување на видео надзорот, проценка на неопходноста и пропорционалноста од поставување на видео надзор, известување за вршење на видео надзор, технички и организациските мерки, рок на чување на снимките, ангажирање на обработувач, периодична оценка на поставениот видео надзор, корисници на личните податоци од видео надзорот и видео надзор на работното место.