Ажуриран распоред на обуките за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ до крајот на октомври 2022 година, ќе организира онлајн обуки за заштита на личните податоци. Во продолжение е распоредот на обуките со теми и индикативна временска рамка на реализација. 

Датум

Тема

21-22 септември 2022

Модул 1: „Вовед во заштитата на личните податоци“

Модул 2: „Сертификација и акредитација“

5-6 октомври 2022

Модул 2: „Известување за нарушување на безбедноста“

Модул 2: „Директен маркетинг и профилирање“

Модул 3: „Безбедност на личните податоци (технички и организациски мерки)“

19-20 октомври 2022

Модул 1: „Вовед во заштитата на личните податоци“

Модул 2: „Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци (ПВЗЛП) и проценка на ризици“

*Датумите на обуките ќе бидат дополнително потврдени на е-маил на учесниците кои веќе пријавија интерес во Агенцијата.

За повеќе информации обратете се на proekt.obuki@privacy.mk.