На 2.3.2013 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници на контролори од областа на правосудството (нотари). За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. Детално беше објаснета постапката на регистрирањето на контролорите во Централниот регистар на збирки на лични податоци, како и пријавувањето на збирките на лични податоци. Целта на обуката беше да се интензивираат активностите во имплементацијата на Законот за заштита на личните податоци и примената на документацијата за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. Исто така, на обуката беа разработени и одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на видео надзорот и одредбите од Правилникот за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор.