Осумдесет и петтиот состанок на Работната група 29 е редовна средба на ова особено важно тело на Европската Комисија од областа на заштитата на личните податоци која ќе се одржи на 22 и 23 март 2012 година во Брисел. Покрај редовното известување на подгрупите на Работната Група 29, на состанокот се очекуваат дикусии поврзани со Мислења на ова тело кои ќе бидат донесени за прашања во врска со заштита на податоци при препознавање по лик, Cloud computing, биометриски податоци и друго.
Дирекцијата за заштита на личните податоци на 85-та средба на работната Група 29 ќе ја претставува директорот Димитар Ѓеорѓиевски. Средбата со шефовите на органите за заштита на личните податоци од Европа, ќе биде можност директорот лично да ја најави Меѓународната конференција која Дирекцијата ќе ја организира на крајот на мај годинава.
Агенда