Предлог упатство за начинот на вршење на надворешна контрола

Со цел да се операционализира материјата која што се однесува на начинот на вршење на надворешна контрола согласно одредбите од член 25 од Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/09 и 158/10),  Дирекцијата за заштита на личните податоци изработи Упатство за начинот на вршење на надворешна контрола.

 

Во прилог можете да го симнете ова упатство и на истиот сте повикани да дадете Ваше мислење, односно Ваши забелешки, сугестии и насоки со цел подобрување на неговата содржина, а од аспект на работењето на ревизорските правни лица.

 

Ве молиме Вашето мислење да го доставите до  Дирекцијата за заштита на личните податоци најдоцна до 23 април 2012 година.

 

Лице за контакт: Арбен Гудачи, помлад референт, тел. 02 3 230 635 и e-mail адреса: arben.gudaci@privacy.mk.

 

Преземи документација

Објавено на 09.04.2012
Категорија: 

Упатство за начинот на организирање и спроведување на обуки за контролори и обработувачи

На 08.02.2012 година директорот на Дирекција за заштита на личните податоци, г-дин Димитар Ѓеорѓиевски донесе Упатство за начинот на организирање и спроведување на обуки за контролори и обработувачи.

Објавено на 08.02.2012
Категорија: 

Обврска на министерствата и органите на државна управа да ги доставуваат сите материјали на мислење до Дирекцијата

Согласно член 68 став 1 точката 9 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/01, 98/02, 9/03, 47/03, 64/03, 67/03, 51/06, 5/07, 15/07, 26/07, 30/07, 58/07, 105/07, 116/07, 129/07, 157/07, 29/08, 51/08, 86/08, 114/08, 42/09, 62/09, 141/09, 162/09, 40/10, 83/10, 166/10, 172/10, 95/11, 151/11 и 170/11) министерствата и другите органи на државната управа сите материјали, предлог закони, подзаконски акти и други предлог прописи од областа на заштита на личните податоци, односно кои се на било кој начин поврзани со заштитата на личните податоци, што и ги доставуваат на Владата за разгледување, утврдување, односно донесување, претходно задолжително и ги доставуваат на мислење на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

 

Деловник за дополнување на деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 170/11)

 

Објавено на 14.12.2011
Категорија: 

Објавена Стратегијата за развој на заштитата на личните податоци

Стратегијата за развој на заштитата на личните податоци во Република Македонија за период 2012-2016 година со Акциски план за нејзино спроведување Преземи

Објавено на 22.11.2011
Категорија: 

Упатство за видот, начинот на изработка, користење и чување на класифицираните информации

На 09.09.2011 година директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе Упатство за видот, начинот на изработка, користење и чување на класифицираните информации во Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Објавено на 11.09.2011
Категорија: 

Pages