TAIEX Работилница – Заштита на личните податоци и приватноста на потрошувачите на интернет

Европската Комисија преку инструментот ТАIEХ, а во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци  на 14 и 15 мај 2012 година во Скопје ќе организира Работилница на тема:„Заштита на личните податоци и приватноста на потрошувачите на интернет“ . Работилницата ќе опфаќа содржини како компаниите да ги унапредат своите практики во однос на обработка на личните податоци на потрошувачите, особено преку купувањата кои се вршат преку интернет, вршењето на маркетинг активности и други активности, односно како да се обезбеди истите да се вршат согласно прописите за заштита на личните податоци, што особено ќе биде корисно за компаниите, институциите и организациите кои се грижат за заштитата на правата на потрошувачите. Доколку сакате да учествувате на работилницата, можете да се пријавите на  elizabeta.nedanovska@privacy.mk  или на еlizabeta.nedanovska@dzlp.mk. Местата се ограничени.