Известување

Дирекцијата за заштита на личните податоци информира дека согласно одредбите на членот 25 од Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/09 и 158/10) утврдено е дека информатичкиот систем и информатичката инфраструктура на контролорот задолжително подлежи и на надворешна контрола.

Објавено на 26.01.2012
Категорија: 

Обука ЕВН 3

На 27.01.2012 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа генеричка и специјализирана обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваат претставници од ЕВН Македонија.

Објавено на 27.01.2012
Категорија: 

Месечен план февруари 2012

На 26.01.2011 година директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци г-дин Димитар Ѓеорѓиевски го донесе Месечниот план за вршење на инспекциски надзор за февруари 2012 година.

Објавено на 27.01.2012
Категорија: 

Учество на Дирекцијата на 84-от состанок на Работната група 29

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, г-дин Димитар Ѓеорѓиевски ќе учествува на 84-от состанок на Работната Група 29, кој ќе се одржи од 1 до 2 февруари 2012 година во Брисел, Белгија.

 

На средбата се очекуваат дискусии за правната регулатива за различни аспекти на заштитата на личните податоци, како и продолжување на разговорите за донесувањето на новата легислатива на ЕУ за обезбедување на правото на заштита на личните податоци.

Објавено на 26.01.2012

Обука – ЕВН Македонија 2

На 25.01.2012 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа генеричка и специјализирана обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваат претставници од ЕВН Македонија.

Објавено на 25.01.2012
Категорија: 

Pages